Baba Vanga / Баба Ванѓа “Последниот македонски пророк“ филм на Јани Бојаџи

Baba Vanga / Вистината за македонката Ванѓа во филмот ,,Последниот македонски пророк” на Канал 5

Кој е всушност последниот македонски пророк, кого светот го познава како баба Ванѓа?
Ја нарекуваа со различни имиња, ја негираа и ја омаловажуваа. Но таа за себе рече дека е ќерка на последниот македонски крал фараонката Клеопатра.
Ексклузивно на Канал 5 во сабота и недела (29/30.11.2014) од 19.30 часот, документарно истражување поткрепено со архивски материјали кои го потврдуваат тоа, што никој не може да го негира
Жената која се декларира како Македонка од Струмица, во повеќе наврати беше земена како објект на истражување од огромна маса на научници, психолози, психијатри, социолози. Жената за која се организираа голем број научни собири каде се водеа жешки дискусии со цел да се доведе во прашање веродостојноста на нејзините претскажувања и да ја запрат нејзината дејност.
Без психолошки издржани методи, без апаратурни записи, во ниеден момент неможеа да дадат физиолошко објаснување на т.н. јасновидство, но и покрај тоа низ тогашните медиуми Ванѓа беше предмет на подбив од страна на „научниците“.
Со дејност, полезна за секое општество, со ограничено право на движење, во строго контролирани услови не и беше исполнета и последната желба пред нејзината смрт, за последен пат да дојде во родното место, со тоа што во последен момент и беше изречена забрана за напуштање на државата.
Феноменот „Баба Ванѓа“ бил, и ќе остане објект на мистиката во лицето на науката, благородна личност за луѓето кои имале можност да бидат во нејзино присуство, и приказна за промовирање на Бугарската држава нарекувајќи ја „Велика Блгарка“. Но тоа е до денес, кога конечно некој се сети да ја каже и македонската страна на вистината! Конечно проект на кој можеме да бидеме горди во режија на Јани Бојаџи, по сценарио на Петар Трајков и Игор Соколовски како извршен продуцент.
Филмот се снимаше на повеќе локации во Струмица и Ново Село

Leave A Reply